Тешка сообраќајка со една жртва на патот Градско – Прилеп, кај Дреново
Објавено на 28 март, 2018 во 08:45
Шеесет и четири годишната М.И. и триесет и едногодишната А.И. од Битола се повредени во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случила на магистралниот пат Градско-Прилеп во близина на мотелот Дреново. Во сообраќајката животот го изгубил 35-годишниот К.Л. од Скопје кој управувал со возилото „мерцедес“ во кое се возеле и двете битолчанки.
Според МВР во сообраќајната несреќа учествувале товарно моторно возило „волво“ со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од Ј.Г.(30) од Велес и такси возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од К.Л.(35) од Скопје.
Скопјанецот починал за време на сообраќајката, а сопатничките од Битола, се здобиле со повреди и биле пренесени во болница во Кавадарци, информираат од МВР./У.Ј