Граѓански фото објектив: Скулптурата „Блажена“ во центарот на Велес
Објавено на 3 јуни, 2024 во 12:39
Фокусот на новата фотографија за категоријата граѓански фото објектив од велешанецот Атанас Крлевски бил насочен кон скулптурата насловена како „Блажена“ и поставена во центарот на градот пред поранешната Стоковна куќа.
– Автор на скулптурата е велешкиот скулптор Илко Стојановски. Изработена е на првата меѓународна скулпторска колонија во Велес, 2019 година. Многу е интересна затоа и одлучив овој понеделник баш таа да биде дел од оваа категорија, додаде Крлевски.
Сите заинтересирани граѓани доколку имаат фотографија којашто сакаат да биде објавена може да ја испратат на истиот маил [email protected] или на нашата фејсбук страница.
Дума.мк