Хуманитарен концерт во Градско (фото)
Ансамбл „Керамичар“, КУД „Стоби“, солисти од ОМУ „Стефан Гајдов“ како и балетско студио од Градско биле делод хуманитарен концерт којшто се одржал во Дом на култура „Крсте Петков Мисирков“ во Градско. Концертот бил дел од ПХВ проектот „Единство“ и целта била да се промовира единството, културата и соработката.
-Најголем дел од организацијата на концертот е на волонтерите од ПХВ тимот Петар Стојановски, Елена Митева и Десанка Николова помогнати од дисеминаторот Ружица Костовска. Средствата од продажбата на билети ке се наменат за нагледни средства и реквизити за ООУ „Даме Груев“ и подрачните училишта, пишува во соопштението на Општинска организација на РСМ – Црвен крст Велес.
Како поддршка на коцертот благодарници добиле Општина Градско, ООУ „Даме Груев“, Ансамбл Керамичар, КУД „Стоби“ и солистите.
Стефани Манева
фото: