Хуманитарно, ученици помагаа ученичка на ССОУ „Коле Неделковски“ (фото и видео)

Објавено на 24 февруари, 2023 во 14:42
Видео: Хуманитарен штанд на ССОУ „Коле Неделковски“

Пред платото на велешкиот театар „ ЈХК „Џинот“, беше поставен денеска хуманитарниот штанд со подготвени традиционални баклави, аравании, кифлички, баници и многу други производи направени од вредните раце на учениците, под менторство на професорите од угостителскиот смер на ССОУ „Коле Неделковски“. Велешани ги купуваа подготвените традиционални благца и производи од тесто кои ќе ги сервираат на домашната трпеза веќе во недела. Директорката Весна Стојанова Богоевска рече дека оваа е традиционална хуманитарна акција на училиштето што се организира пред големиот христијански празник „Прочка“ а годинава собраните средства се наменети за нивна ученичка.

Видео: Хуманитарен штанд на ССОУ „Коле Неделковски“

-Од овој хуманитарен настан финансиските средства ќе бидат наменети за една наша ученичка, којашто годинава е матурантка и на којашто и престои втора операција. Денеска, има голем одзив и се надевам дека ова ќе биде само поттик и за другите училишта и организации да почат да организираат вакви хуманитарни активности, да излезат од нивното училиште и институции и пред велешани да се презентираат со тоа што всушност тие произведуваат, додаде Богоевска.

Видео: Хуманитарен штанд на ССОУ „Коле Неделковски“

Учениците од профилот „готвач“ во текот на вчерашниот и денешниот ден ги подготвувале јадењата направени од тесто но и благцата поточно, баклавата, араванијата, бомбиците, коишто денеска им беа понудени на велешани.

Видео: Хуманитарен штанд на ССОУ „Коле Неделковски“

-Во текот на вчерашниот ден, додека се подготвуваа благите работи, беа повикани и деветтоодделенци од нашиот град. Ним им ја преставивме угостителската струката која што се изучува во нашето училиште а тие помагаа во подготовката на производите. Подготвивме баклава, ежиња, бомбици, араванија како и шишарки. Има и помодерни блага со ресана и кокос. Додека, утрово ги подготвивме кифлите, баницата со праз и сирење како и неколку видови на кифли од тесто, рече Горан Богоевски, професор од угостителскиот смер.

Фото: Здружение на пензионерки Велес

Оваа година хуманитаниот штанд беше поддржан и од Здружение на пензионерки како и од гостилница „БОЕМ“.  Претседателката на Здружението на пензионери Велес, Благојка Настова рече дека вкупно 10 пензионерки биле дел од подготовките на нивните благи и солени производи кои се вклучиле во настанот со особена чест и задоволство. Како што тоа го прават секаде кога ќе бидат поканети и особено кога станува збор за хуманитарни настани.

Видео: Хуманитарен штанд на ССОУ „Коле Неделковски“

За време на настанот ученички од ова средно училиште пееа разни македонски песни.

Видео: Хуманитарен штанд на ССОУ „Коле Неделковски“

Гостилница “Боем“ денешниот хуманитарен настан го поддржа со подготвено тавче гравче. Голем беше бројот на граѓани кои купија производи и на тој начин придонесоа за лекувањето на девојчето во странство.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.