Испишан еден ковид пациент од велешка болница
Објавено на 4 јуни, 2021 во 13:32
Во Општа болница Велес се лекуваат осум ковид пациенти. Од нив еден е позитивен, двајца сомнителни и пет се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се тројца пациенти и болничките пациенти на Инфетивно одделение се лекува еден и Интерно одделение седум, соопшти потпаролката Д-р Елеонора Јованова.
Во текот на денешниот ден испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест.
Стефани Манева