Изгоре патничко возило во двор на кавадарчанец

Објавено на 18 декември, 2024 во 15:29
Фото: Архива на Дума.мк

Во Одделнието за внатрешни работи Кавадарци, вчера вечер, во 22:35 часот било пријавено дека во дворот на Љ.А.(40) од Кавадарци настанал пожар на неговото патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки.

Портпаролката на Сектор за внатрешни работи Велес, Биљана Ѓаковска, соопшти дека нема повредени лица и дека пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица Кавадарци. Увидна екипа на ОВР Кавдарци извршила увид.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.