Јавниот конкурс за стипендии за талентирани ученици и студенти од Росоман повторно активен

Објавено: 20 ноември, 2025, во 14:23 часот

Општина Росоман повторно го активира Јавниот конкурс за стипендии за талентирани ученици и студенти за учебната 2025/2026 година. Конкурсот, кој првично беше објавен на 1 август годинава, претходно беше ставен во мирување поради локалните избори.

Новото активирање започна на 10 ноември 2025 година и ќе трае до 29 ноември 2025 година. Учениците и студентите се повикуваат внимателно да ги разгледаат условите наведени во конкурсот и навремено да ги поднесат своите пријави.

Документите и пријавите можат да се подигнат во архива на Општина Росоман или да се преземат од веб-страницата на општината: www.opstinarosoman.gov.mk. Комплетните пријави треба да се достават во затворено плико со назнака: „За Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Росоман“, ул. „Пролетерска” бр.1А, Росоман, или преку скенирана форма на електронската адреса: [email protected].

Општина Росоман ги охрабрува сите талентирани ученици и студенти да аплицираат и да ја искористат оваа можност за финансиска поддршка на нивното образование.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.