Полицијата подучува за безбедно учество во сообраќај
Десетмина кавадарчани завршија во полициска станица. Полицијата ги повика на сообраќајно поучување бидејќи не внимаваат на својата безбедност и расксниците ги поминале подалеку од пешачки премин и на црвено.
Со тоа од полицијата велат, покрај својата, несовесните пешаци ја загрозуваат и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Децидни се дека мора да се почитуваат сообраќајните правила од сите, па и од пешаците.
Сообраќајното поучување на кое беа повикани ове десетмина кавадарчани е само дел од превентивните мерки. Доколку совеста на граѓаните не се поправи од полицијата велат дека ќе применуваат и репресивни мерки.
“Полициска станица од општа надлежност Кавадарци, односно одделението за безбедност во патниот сообраќај интензивно ќе делува на терен. Ова поучување е само едно од низата кои ќе следуваат по спроведените акции на терен и по утврдените прекршоци од страна на пешаците, но и возачите. Една недела сообрќајните служби беа активни на терен. Покрај укажувањата имаа за цел да ги согледаат најчестите прекршоци кои ги прават пешаците, но и прекршоците кај возачите“, вели инспекторот по превенција од одделението за сообраќај при кавадаречката полиција, Диме Крстев.
На сообраќајното поучување на преркшителите на правилата во сообраќајот инспекторот Крстев им делеше совети како безбедно да ја преминат улицата, а на ДВД презентација им беа претставени прекршоците и последиците од сите учесници во сообраќајот.