Од јуни, вгодина Кавадарчани и Росоманци ќе пијат квалитетна вода !
Се реализира заедничкиот проект на двете општини. Досега се изградени 3 од вкупно 9,5 километри долгиот цевковод.
Треба да почне монтирањето на пречистителната станица. Од јуни, в година,граѓаните ќе имаат постојано вода во чешмите. Вакви најави денеска дадоа градоначалниците на Кавадарци и Росоман, Александар Панов и Стојанче Лазов.
Опремата за филтрирање на водата е веќе пристигната на плацот на “Градба промет“. Според фирмите задолжени за монтирање на опремата, се работи за висококвалитетни филтри.
Проектот на кој работат Кавадарци и Росоман е вреден повеќе од 2 милиони евра, а ќе обезбеди дополнителни 200 литри вода во секунда. Општините добија грант од европската инвестициона банка преку Владата, во висина од над 1,5 милиони евра за Кавадарци и 224 илјади евра за Росоман. Со свои сретсва од Буџетот ќе учествува и Кавадарци.
„ Кавадарци и Росоман се единствени општини во земјава кои заеднички пристапија во решавање на заеднички проблем како што е овој со водоснабдувањето. Се надевам дека времето ќе дозволи опремата да се иснсталира и пред рокот“ рече градоначалникот на Кавадарци.
Бидејќи водата од овој нов водоводен систем ќе биде далеку почиста од она што досега протекува во водоводната мрежа, локалната самуправа, в година ќе работи на комплетна замена на филтрите и на водоводот Лукар за да го изедначи квалитетот на водата.
„Освен во Кавадарци проблемот со водоснабдувањето ќе биде надминат и во Росоман“, рече градоначалникот Лазов.
Проектот за водоснабдување се работи во две фази. Во првата фаза се гради целосно нов цевковод. Во втората фаза општината во јавно приватно партнерство со две фирми, словенечка и кавадаречка, ќе го ревитализира хидросистемот “Бошава“. Таму целосно ќе се обнови стариот канал во должина од 25 километри со затворен систем на цевки. Водоводниот капацитет од реката Бошавица изнесува 1200 литри вода во секунда, кој освен за пиење ќе треба да се наменат и за наводнување на кавадаречкото поле.