Борис Давидов: Ќе се кандидирам за градоначалник на Кавадарци!
Поранешниот лидер на лозарите ја најави својата кандидатура како независен кандидат кој ќе се бори за лозарската правда.
Поранешниот лидер на лозарите Борис Давидов најави дека и тој сака да влезе во трката за градоначалничката фотеља на Кавадарци. Очекува за кусо време да ги собере потребните 250 потписи и по ова целокупната документација да ја достави до ДИК. Освен ова планира да поднесе и предлог советничка листа.
„Се одлучив да се кандидирам за градоначалник поради лошите состојби кои владеат во лозарскиот сектор, невработеноста и губењето на работни места. Мислам дека на Кавадарци му е потребна личност која се докажала во работата во служба на државата, образованието и приватниот бизнис“ вели Борис Давидов.
Тој на изборите планира да оди само со подршка од грѓаните, без зад него да стои политичка партија. Инаку до сега во Кавадарци само СДСМ го престави Бетиан Китев како кандидат за градоначалник, додека ВМРО ДПМНЕ сеуште не одлучила.
