Опаѓа интензитетот на грипот!

Објавено: 26 март, 2013, во 16:42 часот

Последната недела во Ценатрот за јавно здравје Кавадарци биле реситрирани само 54 нови заболени од грип.

“Ова е големо намаување на бројката на грипозни. Очекуваме таа да опаѓа и во наредниот период бидејќи температурата веќе се зголемува. Оваа сезона, од октомври лани до сега во Кавадарци се евидентирани 916 случаи“ рече д-р Ристе Јовановски.

Статистиката на Центарот за јавно здравје Кавадарци покажува дека оваа сезона кавадарчани беа повеќе отпорни на ова вирусно заболување, споредено со лани и претходние години./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.