Малолетници пееле националистички песни на спортски натпревар!
Кавадарчани денеска го осудија недоличното однесување на група малолетници кои во саботата за време на кошаркарскиот натпревар „Фени индустри“ – „Лирија“ во спорската сала „Јасмин“ пееле националистички песни, а им упатувале и навреди на гостите.
Таквото однесување на навивачите го предизвикало делегатот на натпрварот на полувремето да побара нивно отстранување од трибините. Полицијата интервенирала и ги отсранила малолетниците кои биле во група од околу 150 лица на возраст од 10 до 14 години. При излез А.С (23) го искршил стаклото на влезната врата. Дознаваме дека полицијата против него ќе поднесе прекршочна пријава.
Кавадарчани денеска коментираат дека не е во ред таквото однесување на малолетниците. Деновиве на оваа тема својот став го изнесе и Советот за превенција од малолетничко претстапништво на град Кавадарци.
„Апелираме до сите родители да ги придружуваат своите малолетни деца на спортските натпревари во спортската сала или на градскиот стадион, за во секој момент да знаат каде се, со кого се и дали имаат консумирано алкохол пред тоа. Од образовните институции бараме да ги откријат ученците кои учат во нивните училишта, а создават проблеми и со нив поконкретно да работат на отстранување на нивното девијантно однесување. Од невладините организации бараме со проектни активности да и обрнат поголемо внимание на оваа категорија на деца во ризик и да спречат насилничко однесување. Од организаторите на спортските натпревари, клубовите, бараме да го зајакнат режимот за влегување во спортските објекти на децата од 10 до 15 години кои не ќе смеат сами да присуствуваат на дуелите“ реагира од Советот за превентива.
Исто и од СВР Велес апелират на спортските натпревари навивачите да навиваат спортски за да не доаѓа до несакани ситуации./A.Д
