Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Кавадарци!
Објавено на 8 мај, 2013 во 09:58
21 годишниот Г.З од Росоман е тешко повреден и е на лекување во Скопските клиники откако во него удрило возило на здравствен дом Кавадарци, управувано од директорот на установата, Љупчо Јанев, информираа од полицијата.
Сообраќајната несреќа се случила синоќа околу 21 часот на улицата „Шишка“ во Кавадарци. Според првичните информации до несреќата дошло поради не давање на предимство на свртување од возилото на Здравствен дом, марка „Сеат ибица“. Возилото директно удрило во мотоциклот „скутер балтијан“.
Дознаваме дека директорот на Здравствениот дом се здобил со лесни повреди./ А.Д