Како микропретпријатијата до тендери на електронските аукции!
Сопственици и сметководители на седумнаесет микро претпријатија, дел од нив во исто време и на повеќе фирми, од општините Кавадарци, Градско, Росоман и Демир Капија се обучуваа за учество во јавни набавки преку електронски пат.
Обуката се одржа во Кавадарци а поголемиот дел од присутните ги имаа основните познавања за учество по електронски пат на тендери за јавни набавки на општините и јавните претпријатија. Поголемиот дел од претставниците на фирмите веќе учествувале на аукции а дел од нив и добиени тендери.
Тие зборуваа за искуства додека останатите кои не успеале да добијат тендер ги бараа грешките кои ги сториле и поради кои не успеале да ја добијат работата.
За сите нив најинтересни беа вежбите за учество на електронска аукција како и запознавањето со дигиталниот сертификат новина во работата на фирмите бидејќи од месец јули годинава ќе биде задолжителна постапка за секоја фирма, па со тоа и за малите илили микро претпријатија.
За нив вгодина ќе започне законската обврска за електронско плаќање на даноци, поднесување годишна завршна сметка и други финансиски трансакции.
Обуката во Кавадарци беше дел од проектот на Центарот за граѓански комуникации чиј партнер во 9-те општини во Вардарскиот реогион е Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“.
Во Велес се наоѓа регионалниот центар кој секојдневно со асистенции и косултации опслужува над 100 фирми во овој дел на државата.
Проектот во Македонија се реализира со финансиска поддршка на УСАИД./Б.Н.Т