Едукација за синдикалните активисти!

Објавено на 16 мај, 2013 во 13:27

Синдикатот на индустрија енергетика и рударство на Македонија денеска на семинар во Кавадарци  разменуваше  искуства околку содржината, обликот и важењето на колективниот договор со своите колеги, синдикалци од Данска.

Се одржа еднодневен семинар на кој синдикалните активисти од синдикалната органзиација на „Фени индустри“ се обучуваа за поуспешно синдикално настапување.

 

„Разговараме за содржината, обликот и важење на колективниот договор. Работиме на  проект за синдикално образование. Годинава ќе се обучуваат  поголемите синдикални организации, а догодина синдикалното образование ќе прерасне во постојана активност“ рече Марија Анчева, генерален секретар на СЕИР.

Секретарот на најголемиот синдикат во Данска, Аге Страндгард, рече дека неопходна е размената на искуства околу проблемите и практиката на работа како и синдикална едукација.

Нагласи дека кога преговара синдикатот во Данска државата нема никакво влијание. Постоел национален колективен договор кој морало да го почитуваат работодавачите./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.