Протестот падна, екстерното тестирање помина!

Објавено на 27 мај, 2013 во 13:50

Минатата недела протестираа против екстерното тестирање, а денеска седнаа во училишните клупи и ги решаваа електронските тестови. Иако на социјалните мрежи се најавуваше бојкот, сепак тоа не се случи.

Со тестирањето денеска беа опфатени 2327 ученици од основно образование и 1380 средношколци, додека екстерниот тест не го решава  1130 ученици од прво до трето одделение и 479 матуранти.

„Немаше проблеми. Тестирањето помина во најдобар ред“ рече советникот за образование во Локалната самоуправа, Зорица В`чкова.

Беа возбудени,имаа трема и покажаа голема неизвесност за одговорите што ги дале во дале во тестовите. Во тестот за секое прашање имаа по четири понудени одговори, а требаше да го изберат вистинскиот,  кој им  ја потврдува оценката добиена од наставникот или  професорот. И наставниците со внимание ги следеа учениците, бидејќи со резултатите од екстерното тестирање на вага е и објективноста на нивната оценка.

Најголем дел од нив сметаа дека учениците се подготвени и нетрпеливо ги очекуваат резултатите бидејќи сакаат да проверат дали ќе има отстапки од тие што им ги дале на ученмиците и оние кои сега ќе ги добијат на тестовите./ А.Д

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.