Интензивно се гради новата катна гаража во Кавадарци

Објавено на 11 февруари, 2014 во 12:27

Намалување на проблемот со паркирање во градот ветува изградбата на новата катна гаража во Кавадарци.

Од локалната самоуправа очекуваат дека до мај ќе завршат градежните работи и на кавадарчани ќе им бидат на располагање нови стотина паркинг места.

 

„Се зависи од временската состојба. Ако потрае убавото време ќе се продолжи и со наредната фаза  на подно бетонирање. Некаде во почетокот на мај се надевам дека ќе биде готова катната гаража,  но сепак се дистанцирам од рокови оти ова е жива материја и трпи промена. Капацитетот е сигурно над сто возила. Повеќе од доволно е оваа бројка за да ги задоволи потребите на граѓаните особено за пазарните денови. “ рече Панов.

Локалната самоуправа интензивно ја  подготовувала и документација за зонско паркирање и давање под концесија на паркинг местата. Според градоначалникот, со овој потег ќе заврши бесплатното паркирање во градот./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.