ФОТО: Невреме во кавадаречко

Објавено на 29 април, 2014 во 14:51

Силен пороен дожд и град околу 16.30 часот ги зафати Кавадарци и околината. Градот кој паѓаше со големина на зрно леблебија ги испаничи лозарите и останатите земјоделски производители.

Тие стравуваат за годинашниов род, бидејќи како што велат рано започнаа врнежите од град, но за среќа градоносниот облак кратко се задржа над Кавадарци. Исплашени се и земјоделците од Росоман и Градско. И таму во моментов паѓа пороен дожд, а имало и врнежи од град. За евентуални штети допрва ќе се утврдува.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.