Врнежите од дожд добредојдени за земјоделските култури, земјоделците да бидат повнимателни!

Објавено на 30 април, 2014 во 14:05

Дождот кој неколку дена паѓа овој месец направи целосна компензација на долгиот сушен период од зимските месеци, оценуваат земјоделските стручњаци и тој позитивно ќе делува врз земјоделските култури.

Само во април годинава е регистриран воден талог од над 200 л/м2 во Тиквешијата, а тоа претставува рекорд во последните шеесет години.

„Ваквата количина на воден талог е добра, но честите врнежи и големата количина на воден талог за краток период исто така можат да бидат и меч со две острици. Сега се создаваат услови за развој на болести. Затоа земјоделците треба редовно да ги проверуваат своите насади“ рече проф д-р Ристо Вучков.

Тој советува лозарите и овоштарите да бидат внимателни кога вршат заштита на насадите со хемиски средтва. Вели дека прскање со препарати не треба да вршат во време кога имаме врнежи бидејќи за целосно дејство на средствата за заштита потребно е да поминат 48 часа без да има врнежи од дожд. Тој нагласува дека не е правилно мислењето на земјоделците дека препаратот може успешно да ја заврши работата и ако по апликацијата поминат само 2 часа и започне да врне. Дождот ќе го измиел средството за заштита, напоменува д-р Вучков.

Вчерашните слаби врнежи од град во кавадаречко не причинија штети на земјоделските култури, покажуват првичните  резултати од проценката на насадите./A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.