Просветните работници од Кавадарци и Росоман формираа заедничко здружение

Објавено на 23 мај, 2014 во 12:57

Со цел подобрување на обрзованието  во Кавадарци и Росоман, негово издигнување на повисоко ниво а со тоа  и звањето просветен работник да го добие  заслужениот  статус и да се подобри општествениот живот на сите просветни работници денеска во Кавадарци се формира здружение на просветните работници.

За претседател е избрана Јанушка Милкова, актуелен директор на ООУ „Димката Ангелов Габерот“ во село Ваташа.

 

„ Најодговорно ќе си ги извршувам сите обврски и задачи и ќе одговорам на сите предизвици кои ќе ми претстојат како претседател.  Здружението е доброволна непартиска непарофитабилна организација и претставува легитимен претставник на сите просветни работници од Кавадарци  и Росоман.  Во ова здружение членуваат сите просветни работници од предучилишна возраст, основно и средно образование и сите кои работат со децата  со посебни потреби. Наши членови се и  пензионирани просветни рабоници. Може секој од фелата на образованието да партиципира со свои идеи и искуства се со цел да се подигне квалитетот на образованието“ рече Милкова. / А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.