Педесетина лозари подигнале нови лозови насади

Објавено на 4 јули, 2014 во 13:02

Сеуште има интерес кај земјоделците од Тиквешијата за подигање на нови површини со лозови насади. Педесетината земјоделци од тиквешкиот регион   поднеле барање за субвенции во Агенцијата за потикнување на развојот на земјоделството работна единица Кавадарци.

Иако земјоделците кои  поднесоа барање минатата година 2013/14 за подигнатите нови лозови насади сеуште ги немаат земено субвенциите кои изнесуваат  50% отсто од трошоците без ДДВ,   тие гледаат можност за егзистенција во лозарството и младите лозови насади и ја користат можноста половина од средствата кои ќе ги инвестираат државата да  им ги врати. Што се однесува до изборот на сортите кои ќе бидата застапени на новите лозови насади според зборовите на Божанка Кузманова  самостоен референт во агенцијата,  не може да се каже дека преовладува само една сорта, бидејќи е присутна голема разновидност во која се гледа дека лозарите ги садат и старите автохтони сорти и  некои нови  трпезни сорти. Општ е впечатокот дека повеќе се подигаат нови лозја со вински сорти.

Во рамките на ИПАРД програмата каде исто така на земјоделците им се овозможува 50отсто од трошоците  да им се вратат според зборовите на Спасијка Афкова виш референт во Агенцијата за потикнување на Развојот на земјоделството во Кавадарци  годинава 39 земјоделци поднеле барање  од кои  шестмина се за подигање на системи капка по капка а останатите за набавка на нова механизација. И меѓу овие барања  најмногу има земјоделци од селото Сопот како и во делот на подигање на нови лозови насади  потоа следуваат селата Ресава, Возарци, Дренови и Кавадарци.

Земјоделците од селото Сопот,  во чиј атар е плодното сопотско поле и каде постои значителен процент на покриеност со ситеми за наводнување ,се најмногу ангажирани за  искористување на плодно  земјиште и овозможување  остварување на егзистенција преку  земјоделско производство.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.