„Тиквешки гроздобер“на почетокот на септември
Стопанско туристичката манифестација „Тиквешки гроздобер“ годинава ќе се одржи во почетокот на септември. Пети, шест и седми септември се деновите во кои ќе се чествува грозјето и виното.
Денеска советот на општината ја усвои програмата во која се содржани сите активности кои ќе се реализират во овие три дена. Сеуште останува непознато кој ќе биде ѕвездата на годинашнава манифестација. Во моментов се собира јавно мислење кој музички состав ќе биде вистински погодок за што поголем број граѓани од страна да дојдат во Кавадарци за време на гроздоберот, но да уживаат и домаќините.
Од општинската каса ќе се издвојат 2 милиони денари, а преостанатиот дел за покривање на музичките ѕвезди ќе биде од донациите кои ќе ги дадат винарските визби и бизнис секторот во општината. Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов информира дека се водат интензивни преговори со визбите околу покровителство на манифестацијата.
Организациониот одбор што ја доби довербата од советот на општината за организирање на манифестацијата најавува интересни содржини за време на гроздоберот, поразлични од минатите години, но поатрактивни за гостите.
