Најголемата винарија подготвена за новиот откуп на грозје

Објавено на 11 јули, 2014 во 14:16

Винарската визба „Тиквеш“ од Кавадарци како најголема винарска визба во земјава и еден од најголемите откупувачи на грозје е подготвена за откуп на грозјето од новата реколта.

Денеска од визбата информираа дека во целост ги исплатиле парите за купеното грозје од минатогодишнбата реколта уште пред да истече законскиот рок. Од ова винарија нагласуваат дека добрата соработка со лозарите во насока на унапредување и одржување на високиот квалитет и заштитата на лозовите насади, била нивна долгорочна цел и ќе продолжела и во иднина.

„ За преземените 25 милиони килограми грозје од бербата во 2013-та година на лозарите, им беа исплатени 360 милиони денари и тоа пред законски предвидениот рок. Воедно, во согласност со својата политика за стимулирање на квалитетот, ВВ „Тиквеш“ и оваа година исплати дополнителни бонуси за откупеното грозје со екстра врвен квалитет во вредност од 27 милиони денари.   Исплатата на откупеното грозје пред законски утврдениот рок е редовна практика на ВВ „Тиквеш“ која успешно се спроведува неколку години наназад, со што лозарите им е овозможено навремено да се подготват за наредната берба.“ информираа од „Тиквеш“.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.