Започнаа превентивните прегледи во Кавадарци

Објавено на 12 јули, 2014 во 12:01

Кавадарчани и ова лето имаат можност бесплатно да го контролираат сопственото здравје.

Во попладневните часови во функција е медицински пунк во центарот на градот.Покрај превентивните прегледи, медицинскиот персонал на ЈЗУ „Здравствен дом“ по препорака на Министерството за здравство им дели на граѓаните и совети како да се заштитат од горештините.На првиот ден кавадарчани покажаа голема заинтересираност да го исконтролират крвниот притиисок и шеќерот во крвта.

Оваа  бессплатна можност за проверка на здравјето граѓаните можат да ја искористат во периодот од 18.30 до 21.30 часот.

Лекарите велат за полесно да се надминат горештините потребно е граѓаните да конзумираат свежа и лесна храна, да пијат повеќе вода, да носат лесна и светла облека и непотребно во периодот од 11 до 17 часот да не излегуваат надвор.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.