Расчистувале долг со моторна пила

Објавено на 15 јули, 2014 во 12:13

Поради нерасчистен долг вчера во Кавадарци се случи обид за убиство со моторна пила. Имено Д.Ј и С.М и двајцата на возраст од 33 години решиле да си го расчистат долгот, но откако Д.Ј неможел да се снајде со пари го нападнал со моторна пила.

Синока околу 19.30 часот двајцата отишле во златара во Кавадарци, каде  Д Ј  сакал да продаде златен прстен и со парите да го расчисти долгот. Обидот им бил неуспешен, бидејќи не се согласил со цената која му била понудена за откуп. Д.Ј му предложил на С.М да идат во неговиот дом, тој ќе земел пари од родителите и ќе му ги врател.

Предлогот го прифатил С.М и се упатиле во домот на Д.Ј на улицата „Дешка Тошева“.  С.М чекал во една од собите додека Д.Ј да земе пари од татко му. Но, наместо пари влегле во собата кај што чекал С.М. И должникот се нафрлил со моторна пила и му нанел исекотини по телото, а неговиот татко Р.Ј со тупаници го удирал С.М

Нападнатиот успеал да ги отурне напаѓачите и побегнал. Се засолнил во најблиската продавница и од таму повикал брза помош.

Од полицијата добивме потврда за овој случај, а исто така и од хируршкото одделение во кавадаречката болница ни беше потврдено дека имале интервенција врз поврден пациент со моторна пила.

Лицето С.М за среќа поминал со помали повреди. Му биле исчистени грбаниците, а зашиена и подлабоката рана, по што бил пуштен на домашно лекување.

Полицијата сеуште работи на расчистување на случајот. Напаѓачот со моторната пила бил во бегство, а неговиот татко Р.Ј бил приведен.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.