Лозарите на прагот на нов гроздобер

Објавено на 29 јули, 2014 во 12:47

За многу кратко време ќе почне бербата на трпезно грозје во најголемиот лозаровинарски регион, тиквешкиот.

Мал број на производители на трпезно грозје веќе ги откинаа првите гроздови од раните сорти, но сеуште неможе да се каже дека и официјално е започната бербата.

 

Тие се надеваат дека годинава кардиналот ќе добие повисока цена, споредено со минатите години. Токму ова е и најзастапената трпезна сорта на грозје.

Стручните лица велат дека годинава бербата и на трпезното и на винското грозје ќе започна малку порано споредено со минатите години, а за поранетата берба како причина се наведуваат климатските промени.

Она што пред официјалниот старт на гроздоберот посебно ги мачи лозарите е намалениот род на грозје поради пламеницата, а во некои делови од тиквешијата и поради штети од градот.

Од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Кавадарци велат дека годинава најголемо потфрлување ќе има на приносите кај сортата вранец.

„Честата појава и развој на пламеницата како резултат на климатските промени  овозможија идеални услови за ова болест“рече Божанка Кузманова самостоен референт во Агенцијата. Таа нагласува дека има земјоделец кој од четири декари лозов насад со сортата вранец, немало да набере ни една кошница грозје и покрај тоа што против пламеница прскал осум пати.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.