Кавадаречката полиција и волонтери на Црвен Крст во заедничка акција

Објавено на 14 август, 2014 во 14:04

Полициски службеници од кавадаречката полиција и волонтери од Црвен Крст денеска на кавадарчани им делеа флаери за едукација како да се заштитат од топлотниот бран и минерална вода за освежување.

„Летото е период кога живата во термометарот знае да се искачи и над 40 степени целзиусови. Деновиве сме токму во таа алертна фаза кога Македонија минува низ тропски горештини, а надлежните постојано апелираат да не се излегува на отворено, да се внимава на храната и да се почитуваат препораките на лекарите. Но во лето поради годишните одмори зачестени се и кражбите по домовите, особено кај оние кои често се надвор од дома и кај старите и изнемоштени лица. Во таа насока се одвиваше денеска на градскиот плошад и заедничката акција на кавадаречката полиција, преку одделението за превенција и волонтерите  на општинскиот Црвен Крст за посета на домовите на стари и изнемоштени лица“ рече претседателот на кавадаречкиот Црвен Крст и инспектор за превенција, Димитар Каракулев.

Во акцијата се вклучи и компанијата „Кожувчанка“ од Кавадарци. Таа ги обезбеди потребните количини на минерална вода кои им се делеа на случајните минувачи.

Во денешната акција не ретки беа и нашите иселеници кои летото го минуваат во родниот крај и посета на туристичките места низ Македонија, па полициските службеници искористија можност особено на овие граѓани да им апелираат за поголема заштита на домот и почитување на препораките, скапите предмети и паричниот кеш да не се чува дома.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.