Отстранет дефектот кој остави без вода дел од Кавадарци

Објавено на 16 август, 2014 во 10:20

Граѓаните од високата зона од Кавадарци вчера подолго беа без вода за пиење,  намален притисок имаа граѓаните од ниска зона, а имаше проблем и со дотокот на вода за Неготино.

Според објаснувањето од раководителот на Водовод при ЈП Комуналец Кавадарци, проблемот настанал поради намален доток на вода од изворот  Лукар.

 

„Дефектот беше на воздушниот вентил на Лукар и веднаш се започна со отстранување на проблемот. Работеше целата работна група на Водовод до доцна синоќа. Дефектот е отстранет и од утринските часови  сите граѓани имаат редовно водоснабдување“ рече Прескакулев и нагласи дека и денеска има дежурна екипа.

Од ЈП Комуналец упатуват извинување до сите граѓани за непријатностите околу водоснабдувањето во текот на вчерашниот ден.

Годинава за прв пат се случува подлг прекин во водоснабдувањето, за разлика од минатите години кога во лето рестрикциите беа секојдневие на кавадарчани./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.