Нови јорганчиња за детско одделение и за градинките во Кавадарци и Росоман
Децата кои ќе се лекуваат на детското одделение во кавадаречката болница ќе се покриваат со нови јорганчиња. Нив им ги подари фирмата „Комфи Ангел“. Од Прилеп стигнаа 600 јорганчиња до Црвен Крст, а пак црвениот крст денеска ги донесе до детскиот оддел и во градинките во Кавадарци и Росоман.
Секретарот на кавадаречкиот црвен крст, Розе Илова ја изрази својата благодарност до оваа компанија и рече дека е една од ретките кои јубилејот одлучуваат да го слават со хумана активност.
Благодарни за оваа донација се и од детското одделение при општа болница Кавадарци. Началникот на одделението, д-р Лидија Димитрова, вели дека секоја донација е добредојдена, а оваа ќе ги задоволи моментално потребите во одделението.
Детските јорганчиња од голема помош ќе бидат и за сите клонови на градинката во Кавадарци и Росоман. Со оглед дека постојано бројот на ново запишани дечиња и во двете градинки расте, донацијата доаѓа во вистинско време, рекоа од градинката „Рада Поцева“./А.Д
