Во Кавадарци ќе се прска против комарци

Објавено на 27 август, 2014 во 14:48

Авионско прскање ќе се спроведе во Кавадарци против комарци,  заради спречување на ширењето на болеста син јазик, информираа денеска од општина Кавадарци.

Запрашувањето ќе се изврши во сабота во периодот од 04 до 09 часот на територијата на град Кавадарци и ридско планинскиот дел од висорамнината Витачево кон југ од покдкожувските села од Бошавијата и Мрежичко.

„Прскањето се врши заради спречување на ширењето на болеста Син Јазик која се јавува кај крупната стока. Според стручните лица болеста не е воопшто штетна за човекот, но ја загрозува стоката, а еден од преносителите  на истата се комарците“ нагласуваат од општината и апелираат до сите сопственици на пчелни семејства да превземат соодветни мерки за да ги заштитат истите.

„Тиквешијата не е изземена од болеста син јазик, која забрзано се шири низ стадата овци во околината на Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Загрозени се стада кои опфаќаат околу 10.000 овци. Најкритично е во селата Бохула, Крњево, Конопиште, Гарниково, односно целата висорамнина Витачево“ рече државниот ветеринарен инспектор Спасе Донов./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.