Ставена во функција катната гаража во Кавадарци
Околу 80 возила ќе можат да се паркираат во новиот модуларен паркинг што од вчера е во функција во Кавадарци.
На свеченост по повод денот на ослободувањето на градот, општинското раководство го предаде во употреба. Овој современ паркинг ќе даде придонес во намалувањето на проблемот со паркирање кој го има Кавадарци. Сега на располагање се приземје и еден кат. Објектот дозволува надградба на уште два спрата.
Градоначалникот Александар Панов рече дека до нова година паркирањето ќе биде бесплатно, а потоа за паркирање ќе се наплаќа симболична цена.
„ Инвестицијата е наша, кавадаречка, сите средства се од Буџетот на Општина Кавадарци, и чини 30 милиони денари“ рече Панов и нагласи дека општината и понатаму ќе бара решение за големиот проблем околу слободни паркинг места, бидејќи кавадарчани според бројот на жителите имаат најмногу автомобили во земјава./А.Д
