(ФОТО) Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Кавадарци

Објавено на 22 септември, 2014 во 18:59

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва во центарот на Кавадарци. Мотор удрил во пешак кој поминувал по улица, а потоа удрил во паркирана „Лада нива“.

Од ударот тешки повреди заработиле возачот на моторот, совозачот и пешакот. Сите тројца со возила на итната помош се пренесени на скопските клиники.

Портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска информира дека полицијата врши увид, а повеќе информации околу несреќата ќе бидат достапни утре./A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.