Со чист оџак можете да избегнете пожар!

Објавено на 30 септември, 2014 во 15:01

Го исчистивте ли оџакот пред да ги запалите ќумбињата? Доколку сеуште не сте го сториле тоа пред почетокот на грејната сезона треба да го направите веднаш, апелираат од кавадаречката противпожарна единица. Пожарникарите велат дека тоа е основното правило за без проблеми да започне греењето по домовите.

Потребно е да се исчистат пред стартот на грејната сезона, на средина и на крај од употребата за да не се случат пожари,  кои можат да направат огромни штети во домовите на граѓаните, укажуваат пожарникарите.

Посебно им се апелира на граѓаните кои имаат „кара“ таван добро да ги исчистат оџаците. Во кровниот дел да проверат дали оџаците се добро измачкани од надворешната страна и задолжително да направат проверка на постарата електрична инсталација.

За станарите кои живеат во колективни згради од ТПЕ апелираат да ги надминат недоразбирањата  и да се изврши чистење на оџаците независно дали сите станари го користат оџакот. Апелот до оние кои не го користат оџакот, а во близина имаат поставено дрвени предмети, комоди или друг мебел истите да ги отстранат, бидејќи доколку се запали оџакот се создава температура од 700 до 900 степени и можно е да настане пожар и во тие станови.

„Станарите кои не ги користат оџаците за поголема безбедност потребно е на местото на штуцната да извршат затворање со цигли и цемент“ апалеираат од кавадаречеката противпожарна единица.

Неисчистен оџак, а запалено ќумбе е причината за опожарениот оџак синоќа во зграда во центарот на Кавадарци. За среќа освен исчадени станови немало друга поголема штета,  бидејќи пожарникарите реагирале на време./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.