Последните денови нема нови случаи на „син јазик“

Објавено на 14 октомври, 2014 во 15:03

Полека стивнува болеста син јазик која направи големи штети во стадата овци низ кавадаречко.

Во последната недела нема регистрирано нов случај на заболена стока, потврдуваат од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството Кавадарци. Очекувањата на стручните лица се дека тука и ќе запре ширењето, бидејќи се сопрени условите за пренос на болеста.

 

„Последиците од болеста ќе се почувствуваат и следната година. Исплашени сме поради болеста и тешко дека ќе оставаме женски јагниња за приплод, а тоа ќе значи дека следната година ќе имаме и помалку јагниња за извоз“, укажуваат фармерите./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.