Нова градинка треба да го ублажи проблемот со недостаток на слободни места во Кавадарци
Кавадарци интензивно работи на проектoт за изградба на нова градинка. Планот на локалната самоуправа е објектот да се изгради со заем од Светска Банка. Проектот за задолжување за градинката веќе бил изработен и се чека на негово одобрување, велат од општината.
„Постапката околу тендерот за проектот за новата градинака во локалната самоуправа е завршен и исиот пред неколку месеци е даден во министерството за финансии. Во најскоро време се надевам дека овој проект ќе биде прифатен , а тоа е прва фаза од повлекувањето на средства од Светска банка. Втора фаза би била носење на одлука за задолжување и трета фаза распишување на тендер за изведба на проектот“ рече градоначалникот на Кавадарци Александар Панов.
Тој упати критика на адреса на „Дрекслмајер“ бидејќи била ветена донација за доопремување на градинката во Ваташа, но потоа донацијата била повлечена. Според Панов, доколку компанијата немала во план да донира за градинката тогаш општината ќе испланирала средства во буџетот и со истите ќе ја опремела ваташката градинка. Со тоа ќе се ублажел дел од проблемот.
Во градот околу двеста дечиња чекаат да бидат примени во градинка, а и бројот на оние кои се згрижени е неколку пати над дозволениот просек. Работат групи и со 40 деца што им создава проблеми на вработените./А.Д
