Фатени крадци на дрва на Тиквешкото Езеро

Објавено на 28 октомври, 2014 во 13:37

Две лица од Возарци фати кавадаречката полиција додека вршеле бесправна сеча и од нив запленила околу два кубици дрва, моторна пила и два патнички автомобили во кои биле товарени дрвата.

Против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, рече портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска. Запленетите дрва и автомобили се пренесени во кругот на ШС „Бор“ Кавадарци. Бесправната сеча двајцата возарчани ја вршеле во месноста Голеш на Тиквешкото Езеро.

 

„Во изминатиот период на целата територија на СВР Велес редовно се спроведуваат контроли во врска со оваа проблематика и веќе имаме неколку случаи каде се одземени патнички автомобили и огревни дрва, за што има процесуирано и поднесоци до надлежното обвинителство“ рече Стојковска .

Од полицијата се децидни, дека ваквите акции многу често ќе ги има со цел да се стави крај на појава на кражба на дрва, а сторителите ќе се санкционираат./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.