Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

minister3

Компјутерска томографија и кома центар ќе добие кавадаречката болница како регионален медицински центар во Тиквешијата. Од први јуни дежурни лекари има на секој оддел. Ова се новините кои денеска беа соопштени во кавадаречката болница при посетата на министерот за здравство д-р Венко Филипче.

Тој по средбата со менаџменотот на болницата и вработените најави дека до крајот на годината компјутерскиот томограф ќе биде поставен во болницата во Кавадарци.

minister1

„Ние од министерството отпочнуваме постапка за набавка на компјутерски томограф. Со тоа болницата ќе стане регионален центар кој што ќе пружи услуга за околу 70 илјади граѓани кои живеат во овој регион. Исто така ќе следи изградба на еден дел во болницата, кој повеќе од 30 години стои празен, како карабина, а е идеално место да стане центар за палијативна нега за пациентите од цела држава. За таа цел е потребно да се надгради, реновира, да се опреми за сите пациенти на кои им е потребна подолготрајно лечење, а кои што во моментот ги гушат интензивните неги на клиничкиот центар. Тоа се пациенти за кои во моментот нема соодветна установа. Сметаме дека оваа болница е добро место, затоа што е централно место на државата, затоа што има експертиза, што е многу важно, односно има соодветен број интернисти, хирурзи, анестезиолози и се надевам дека ова ќе биде добар центар во кој тие пациенти ќе добиваат нега на начин на кој во моментов не им е соодветно обезбедена во ниедна институција“ рече миниситерот Филипче.и нагласи дека во кома центарот ќе бидат сместени 10-12 пациенти. Тоа било сосема доволен капацитет според моменталните потреби во државата.

minister

Министерот посетата ја искористи и за да поразговара со пациентите. Дел од пациентите на дијализа му се пожалија на првиот човек за здравство за лош квалитет на услугите кои ги добивале.

Директорот на болницата д-р Диме Коцев нагласи дека и реално кавадаречката болница станува регионален центар.

„ Компјутерската томографија ќе ни значи многу. Центарот за исто така. Мислам со тоа ќе се покачи дигнитетот на болницата. Ќе направиме тиквешани да бидат горди на болницата. До пред јуни дежурствата беа на поливалентен начин. Еден лекар само на хируршки гранки, а друг на интернистички гранки. Како што ветивме, дека сакаме да ја приближиме медицината до граѓаните, од први јуни одлучивме да има профилирани дежурства, што значи на секој оддел има дежурен лекар. На детско одделение доаѓаат педијатри од детска клиника Скопје, неонатолози од ГАК Скопје и од болнцита во Штип“ рече д-р Коцев. Тој исто така напомена дека изграден е нов паркинг со донација од ИГМ трејд.

 

Aнгел Данов

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/02/2019 година.