Пронајдена мртва кавадарчанката по која се трагаше

Објавено: 18 март, 2020, во 10:57 часот

 

20200313 02006a61a8accc517b9f6e5fc4ff1f4cМ.Д (73)  од кавадаречкото село Глишиќ е пронајдена мртва. Во полицијата вчера било  пријавено дека околу 17.00 часот, на место викано „Љубаш“, во лозов насад, пронајдена е почината М.Д,  претходно пријавена како исчезната.

„Лекар од Итна медицинска помош од Кавадарци констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено за обдукција во Институт за судска медицина –Скопје. Бил извршен увид на местото на настанот – информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

 

Најблиските од семјеството трагаа по неа од 9 март.  

 

На денот на исчезнувањето Маре била заедно со својата ќерка во банка во градот. Додека ќерката потпишувала документи во просториите на банката, таа излегла надвор и заминала во непознат правец. Семејството потврди дека Маре имала здравствени проблеми, односно не помнела ништо./A.Д

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.