Нов случај на корона вирус во Кавадарци

Објавено: 16 април, 2020, во 12:28 часот

29497920 10215507019532353 6985179379642925056 n

16.04.2020

36 годишен кавадарчанец е позитивен на Ковид -19, потврдија денеска од кавадаречката болница. Лицето било со полесни симптоми и е на домашно лекување.

 „Се работи за 36 годишен кавадарчанец , кој за прв пат се јавил на преглед во Инфективната амбуланта во нашата болница на 9-ти април со симптоми на лесно покачена температура, чешање во грлото и малаксаност. По направениот специјалистички преглед,  пациентот е упатен на дополнителни лабораториски испитувања  и Ртг на бели дробови. Утврдено е дека наодите од овие испитувања се уредни. Препишана е соодветна симптоматска терапија и совет за домашно лекување.   Заради симптомите, кои се карактеристични за КОВИД 19, лицето веднаш е упатено во Центарот за јавно здравје Кавадарци, каде што му е земен брис од  грло и нос.  Потоа од страна на Епидемиологот, по протокол, даден е совет за самоизолација во траење од 14 дена“ информира д-р Коцев.

Тој нагласи дека денес, по добиениот позитивен резултат, пациентот е контактиран од страна на инфектолог од кавадаречката болница, при што е добиен податок дека истиот е без никакви симптоми и се чувствува добро. Контактирана е веднаш Инфективната клиника во Скопје за овој случај и од таму е потврдено дека пациентот во овој момент нема потреба да се хоспитализира. Дадена е препорака истиот да остане на домашно лекување во траење од 14 дена , со назнака да биде во секојдневен контакт со матичниот лекар и за било каква промена да се консултира инфектолог.

 Во ЦЈЗ Кавадарци извршена е епидемиолошка анкета за лицето, контактите се веќе утврдени, кај сите  се земени брисеви и истите се испратени на испитување.

 

Ангел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.