Кожувчанка ДОО лансира нова производствена линија за лименки

Објавено: 30 јуни, 2020, во 09:47 часот

SinettaКожувчанка ДОО е компанија која секогаш е во чекор со светските трендови, пласирајќи ги новитетите на нашиот Македонски пазар.

Нашата следна инвестиција е имплементација на комплетно нова производствена линија по најсовремена технологија за производство на лименки на која ќе се произведуваат сите наши  брендови со исклучок на водите, па веќе од месец јули ќе може да се најдат на пазарот.

Ice TeaОваа година компанијата може да се пофали со следните новитети за која што инвестиција се издвоени 715 000 евра.

Sinalco газираните пијалаци од ова лето ќе може да се консумираат и во лименка. 

SInalcoКожувчанка ДОО се одлучи на овој потег се’ со цел задоволувајќи ги потребите и барањата на своите потрошувачи кои се се’ во поголем број потрошувачи на газираните пијалаци  Sinalco Ice tea исто така сега е во нова амбалажа- лименка и негазираните природни густи сокови од палетата на Sinetta, додека и понатаму останува со производство и енергетскиот  пијалак Energi’s.

Со овој проект Македонија е прва во светот консументи на Sinalco која што ќе има производство на Ice Tea и Sinetta во лименка, факт на кој што сме особено горди.

BeerНовитет исто и за љубителите на алкохолните пијалаци поточно пивото сега ќе имаат можност да го консумираат новото непастеризирано, ладно филтрирано Lifer Beer во лименка , како и Наше Македонско Светло пиво.

Кожувчанка ДОО се труди и работи, најавува новитети и поставува стандарди на нашиот  пазар грижејќи се секогаш за своите потрошувачи и нивните потреби.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.