Десет нови случаи на корона вирус во Кавадарци

Објавено: 27 јули, 2020, во 07:16 часот

29104020 409127802863522 5187769840105947136 n 1Додека сеуште голем дел од кавадарчани не веруваат дека постои вирусот, денеска податоците покажуваат значителен пораст на бројот на нови дијагностицирани со ковид 19 во Кавадарци. Дијагностицирани се дури 10 нови случаи, потврдија од центарот за јавно здравје Кавадарци. 

Новите позитивни се на возраст од 18 до 51 година, три жени и седум мажи.

„Сите се на домашно лекување. Дел од нив се контакти на веќе позитивни, а друг дел не знаат како се инфицирале“ рече  епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

За два дена во Кавадарци се дијагностицираа 15 слуачи. Ова покажува дека „лумперајките“ и неодговорниот однос го даваат резултатот. За само два дена бројот на нови инфицирани е половина од вкупниот број заболени во изминативе четири месеци./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.