Нови случаи на заразени со коронавирус денска и во тиквешијата

Објавено: 17 август, 2020, во 12:36 часот

KVploshtad fin

17.08.2020

Од вкупно седуммината, шест граѓани на Кавадарци и еден на Неготино се новозаразени со Ковид-19.

Според д-р Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог на кавадаречкиот Центар за јавно здравје, новозаразените се на возраст од 30 до 64 години. Има и мажи и жени. Сите се лекуваат во домашни услови.

Епидемиолозите работат на идентификување на кластерите.

Според епидемиолошката анамнеза дел од нив соопштиле дека се заразиле од претходно позитивни случаи во семејствата но, дел не знаеле од кого биле заразени./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.