Петмина нови заболени со корона вирус во Тиквешијата

Објавено: 16 септември, 2020, во 14:46 часот

29104020 409127802863522 5187769840105947136 nПет нови случаи на  Ковид19 се дијагностицирани денеска во Центарот за јавно здравје Кавадарци.

Станува збор за три лица од Кавадарци, по еден од Росоман и Неготино. Позитивните се на возраст од 33 до 50 години.

„Трите лица од Кавадарци имаат симптоми и биле во контакт со претходно заболено лице. Останатите двајца не знаат како се заразиле. Сите се на домашно лекување“ рече епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

Во Кавадарци од почетокот на епидемијата се регистрирани вкучно 205 случаи, а активни се 33.

А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.