28 нови ковид позитивни во Тиквешијата, само во Кавадарци 21

Објавено: 21 октомври, 2020, во 13:51 часот

unnamedНово жариште на корона вирус по се изгледа станува Кавадарци. Денеска овде се дијагностицирани 21 нов случај, што е рекорден број од почетокот на пандемијата. Од Центарот за јавно здравје информираа дека сеуште се чекаат резултати од останати тестирања.

Во Неготино денеска има шест нови случаи и еден во Росоман.

„Ги има сите возрасни групи, од 2 до 71 година.  Најмладиот позитивен е на две годишна возраст од Неготино. Детето посетува градинка и беше претходно во изолација по случајот со позитивно дете. Во Кавадарци позитивни се две деца, ученици, на возраст од 6 и 7 години. Од 8 октомври седумгодишникот не посетува училиште, а шест годишното дете не е на училиште од почетокот на учебната година“ рече епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

Од Општа болница со проширена дејност Кавадарци информираат дека во ковид одделението до овој момент се хоспитализирани девет пациенти. Капацитетот на одделот е со 14 болнички кревети.

„Пациентите се со средна клиничка слика. Од синоќа сите се во општа добра состојба и не се повеќе кислородно зависни.  Нема недостиг на кадар и во една смена работат  четири сестри и еден доктор, а сите имаат  стекнато искуство со Ковид-19 позитивни пациенти, бидејќи поминаа време на клиниката во Скопје, каде што беа на испомош. “ ни рече во телефонски разговор директорот на болницата д-р Диме Коцев.

Доколку дојде до зголемување на бројот на пациенти, директорот на болницата вели дека имаат план Б, односно ќе би се пренаменил уште еден дел од болницата и би се обезбедиле дополнителни 14 болнички кревети. /А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.