10 нови случаи на корона вирус во Тиквешијата

Објавено на 3 ноември, 2020 во 14:42

bolnickasobaСедум мина во Кавадарци на возраст од 39 до 77 години се позитивни на корона вирус во последните 24 часа, потврдија од Центарот за јавно здравје.

Има едно позитивно лице и во Неготино на возраст од 41 година и два позитивни случаи во Росоман на возраст од 14 и 59 години.

„Од Кавадарци две лица на возраст од 75 и 77 години се хоспитализирани во болница. Меѓу позитивните има и едно медицинско лице“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

Се вршат епидемиолошки анкети за откривање на контактите на новите позитивни, а сеуште се очекуваат резултати од направени тестирања, па во текот на денот можно е да има и промена на бројот на нови позитивни.

Од Центарот за јавно здравје информираат дека е зголемен бројот на тестирања.

Заклучно со вчерашниот ден во Кавадарци активни се 240 случаи, а вкупно дијагностицирани од почетокот на епидемијата се 548 лица. Во Неготино активни се 93 случаи од вкупно 171 дијагностициран.

Полека се исполнува и капацитетот на ковид одделот во кавадаречката болница, кој беше три пати прошируван. Таму се хоспитализирани 34 пациенти, а има слободни уште шест болнички кревети./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.