Алармантна состојбата со Ковид – 19 во Тиквешијата: Соборен рекордот со нови 51 потврден позитивен случај!

Објавено на 4 ноември, 2020 во 14:39

PunktzatestiranjeKV fin

4.11.2020

Во изминатите 24 часа регистрирана е досега рекордна бројка од 51 позитивен случај во Тиквешијата. Ова за Дума.мк го соопшти др. Ристе Јовановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Кавадарци.

Имено, во Кавадарци регистрирани се 39 случаи, во Неготино 11 и едно лице во Демир Капија.

Помеѓу новоинфицираните во Кавадарци има двајца здравствени работници и еден ученик од второ одделение, поради што 18 деца и две наставнички се во изолација.

Во Неготино инфициран е здравствен работник, а во основно училиште во Возарци каде беше одобрена настава со физичко присуство, позитивна е наставничка поради што седум деца се во изолација.

Мора да напоменеме дека ова не е конечниот дневен биланс, имајќи предвид дека резултати од земените брисеви сеуште се обработуваат.

Денес имаше и голем наплив на лица кои заради симптоми или поради контакт со заразено лице чекаа да им биде земен брис и да се тестираат на ковид пунктот во Кавадарци. Според зборовите на др. Ристе Јовановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Кавадарци денес им е земен брис на најмалку 50 лица кои имаа закажано термин преку матичен лекар.

Се апелира до граѓаните на строго придржување до превентивните мерки, со цел спречување на ширење на вирусот, затоа што ситуацијата е пред целосна ескалација, а медицинските работници се на крај на силите.

Колку е алармантана ситуацијата докажуваат фотографиите од пунктот за Ковид – 19 тестирање во Кавадарци што ги направивме денеска. Објавуваме само една, поради заштита на идентитетот на граѓаните.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.