Семејна Ковид трагедија во Кавадарци: Уште едно 21-годишно момче ја изгуби битката со пандемијата, додека втор починат е маж од Сопот

Објавено на 5 ноември, 2020 во 13:35

VKOVID fin

5.11.2020
Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев,  на својата официјална фејсбук страница објави дека се случува семејна ковид трагедија воКавадарци.  После смртта на 26 годишното момче, кое почина од Ковид -19 пред два дена, денес на Инфективната клиника во Скопје почина и неговиот помал брат на само 21 година.

Неговиот фејсбук статус интегрално го пренесуваме :

“Ова е тажен ден за нашето Кавадарци. За жал денес изгубивме уште еден млад човек кој не успеа да се избори со оваа страшна пандемија. Пред два дена го изгубивме Марјан Ѓерѓев, на 26 годишна возраст, денес почина и неговиотбрат Горан Ѓерѓев на 21 годишна возраст. Трагедијата е огромна и нема зборови кои можат да дадат утеха на семејството Ѓерѓеви во овие моменти. Заедно со Советот на Општина Кавадарци изразуваме длабоко сочувство до таткото на починатите братчиња и нивниот брат и поширокото семејство. 

Пандемијата однесе два човечки животи на двајца браќа во период од 3 дена, немоќни сме да се бориме и дададеме утеха. Уште еднаш изразуваме длабоко сочувство и стоиме на располагање за помош на семејството кое е погодено од огромна  трагедија.
Да се чуваме сите и што поскоро да ги поминеме овие тешки денови.” напиша  Градоначалникот Јанчев. 

Според тоа што е претходно познато, таткото на починатите момчиња исто така е позитивен на вирусот.

Се поставува прашањето, што предизвикало да дојде до фатален исход кај овие млади лица.

Како што дознаваме во текот на изминатите 24 часа на ковид одделението во Кавадарци починал и 70 годишен пациент од кавадаречкото село Сопот.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.