Повторно шок во Кавадарци: Од Ковид – 19 почина и дедото на двајцата браќа што веќе ја изгубија битката со коронавирусот
12.11.2020
Вчера на ковид одделението во Кавадарци почина и дедото на двете момчиња кои претходно починаа на Инфективната клиника во Скопје . Точно е дека на ковид одделението почина лице со истото презиме и на истата адреса како и момчињата, за редакцијата на Дума.мк ова утрово го изјави директорот на кавадаречката болница, д-р. Диме Коцев.
Од болницата додаваат дека две лица починале на тоа одделение во изминатите 24 часа, со многу сериозни коморбидитети. Едното на 77 години, а другото на 74 години.
Веста за смртта на дедото на момчињата веќе се рашири низ Кавадарци и истата предзвика шок, страв, тага и неверување кај кавадарчани.
Семејството Ѓерѓеви пред пет години го загубило столбот на семејството, мајката на младите момчиња, која починала од компликации од свински грип, на само 40 години.Лекарите потврдија дека двајцата браќа кои починаа од компликации, создадени од коронавирусот, имале апластична анемија, што во овој случај претставувало сериозен коморбидитет.
И двајцата најпрво беа лекувани во ковид одделот на кавадаречката болница, но по влошувањето на состојбата се препратени на Инфективна клиника, каде за жал и ја загубија битката со вирусот.
Мите Јаначков
