Црн Ковид биланс во Тиквешијата: четворица починати и 15 новозаразени
Објавено на 12 ноември, 2020 во 13:54
12.11.2020
Рекордни четворица починати пациенти се регистрирани во изминатото деноноќие во Тиквешијата.
15 нови позитивни ковид случаи се дијагностицирани во Тиквешијата во изминатите 24 часа, заклучно со денес до 14.15 часот, потврдија од центарот за јавно здравје во Кавадарци.
„Во Кавадарци има 14 нови случаи, еден е во Неготино. Ова не се конечни резултати, затоа што се очекуваат резултатите од други тестирања. Има починато тројца пациенти во Кавадарци еден на возраст од 71 година и двајца на 77 години. Во Неготино почина пациент на 74 годишна возраст“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Мите Јаначков
