25 нови случаи на Ковид – 19 во Тиквешијата

Објавено на 19 ноември, 2020 во 14:52

19.11.2020

Нови 25 позитивни на корона вирус во Тиквешијата се дијагностицирани во изминатото деноноќие во Центарот за јавно здравје Кавадарци, заклучно до денес до 14.40 часот.

15 нови случаи има во Кавадарци, 2 во Неготино, 5 во Росоман и 3 во Демир Капија.

„Новите случаи се на возраст од 20 до 69 години. Има хоспитализирано двајца пациенти, еден од Росоман и еден од Демир Капија“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

Во тек на вчерашниот ден на ковид одделот се сместени 38 пациенти, сите во стабилна општа состојба, информираа од болницата каде слободни се 22 болнички кревети.

Според податоците од министерството за здравство, во Кавадарци активни се 414 ковид случаи, а од почетокот на пандемијата дијагностицирани се вкупно 950 позитивни. Вчера се дијагностицирани 29 оздравени пациенти. 

Во  Неготино има вкупно 388, а активни 247 (36 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.